Глечерите на Гренланд се топат седум пати побргу отколку што претходно се очекувало, со што се загрозуваат животите на милиони луѓе, што од поплави, што од останатите природни непогоди кои се последица на климатските промени.
За разлика од темпото на топење во 90-те години на минатиот век, денес глечеритена Гренланд се топат седум пати побргу, а скалата на топење и губење на мразот е многу повисока од онаа која ја предвидуваат истражувањата за глобална климатска наука, изготвени од страна на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC).
Според овие најнови податоци, нивото на водите ќе порасне за 67 цм до 2100 година, околу 7 цм повеќе од првичното предвидување. Со ова, 400 милиони луѓе ќе бидат ставени во опасност од поплавување секоја година, наместо 360 милиони како што предвиде минатиот извештај на IPCC.
Скоро половина од губитокот на мраз на Гренланд е резултат на покачените температури и испарување. Океаните го апсорбираа поголемиот дел од вишокот топлина предизвикана од климатските промени, но и тие ги достигнуваат своите лимити.