LVMH се чини како да започна едно ново успешно поглавје по заминувањето на Клер Вејт Келер и доаѓање на Метју М. Вилијамс. Овој креативен директор прави смел чекор со новата колекција за сезоната пролет-лето 2021 истакнувајќи ја потеценетата страна на модниот бренд. Истражувајќи низ историјата на Givenchy тој ја истакнува дрскоста на Ли Александар Меквин и наклонетоста кон остриот крој на Хуберт де Живанши. Така што на крај се развива нешто што не следи една тема туку нешто што се гради парче по парче. За својот креативен подвиг тој ќе каже:

„Ги наоѓате парчињата од сложувалката за колекцијата, градејќи ја од симболи и знаци, но никогаш не ја заборавате реалноста на личноста што ќе ја носи и ќе ја оживее. Жените и мажите треба да бидат моќни, радосни, рамноправни, одраз на тоа што се- но повеќе. Се работи за пронаоѓање на хуманоста во луксузот.“