Откако Метју М. Вилијамс го презеде Givenchy, како креативен директор уште во јуни 2020 година, во луксузниот бренд се инфилтрираа доста авангардни силуети кои потсетуваат на 1017 ALYX 9SM, сопствениот бренд на дизајнерот. Или пак може да се каже дека склоноста кон авангардност е карактеристична за двете страни. Сепак овој пат се претставени патиките насловени Monumental Mallow, кои за прв пат беа видени за време на ревијата Есен/Зима 2021. Овие смели патики доаѓаат со гумена основа со скулпторски линии и доаѓаат во две верзии кратки и долги кои покрај основата имаат и решеткаста чорапа. Долгиот модел е достапен само во бела боја со мат завршница, додека кратките во сјајна црна, мат црна и мат кафена боја. Карактеристично е тенкиот црн ѓон и тоа што овие патики не се брендирани на надворешноста, туку само одвнатре, односно доаѓаат со брендирани влошки. Цената за еден пар се движи од 500 до 900 американски долари.