Овој пат Gillette не додаде нови сечила, туку претстави производ кој се загрева. Овој извонреден подвиг на инжењеринг цели за луксузно „искуство“ при бричење што потсетува на бричење со топла крпа на бербер.
Прво нешто што треба да се спомене е дека не се загреваат сечилаат, туку делот под него. Температурата која ја постигнува Gillette Heated Razor за околу секунда е 50 степени Целзиусови. Информација за постигнатата температура добиваме од светло кое трепка се додека не се загрее Gillette Heated Razor на 50 степени Целзиусови.
Доколку таа температура ви е висока, тогаш со копчето кое е поставено на овој брич може да ја намалите температурата на 43 степени Целзиусови. Батеријата трае околу 6 дена, а пак сечилата се варијации на ProGlide Fusion5.
Тестирања се вршени во лабараториите на компанијата, каде десетици мажи се бричат секој ден, додека луѓето во бели мантили го следат тестирањето и фаќаат белешки. Мажите кои имале прилика да го користат овој производ велат дека не би се вратиле на стариот начин на бричење.
Премиум ProGlide сечилата овозможуваат поглатко бричење а топлината ги стимулира нервите на лицето со што го отстранува чувството на штипење. Па така мажите со чувствителна кожа би го решиле проблемот со иритацијата која бричењето им ја создава.