Бил Мареј, Ден Акројд и останатите членови на оригиналните Истерувачи на духови се враќаат во Ghostbusters 3. 

Не е лесно да се изведе една класична паранормална комедија како што е Ghostbusters. Во 2016 излезе некаква си целосно женска продукција која беше крајно разочарување, па тогаш критичарите мислеа дека филмската индустрија завршила со оживување на Истерувачите на духови. 

Ghostbusters

Но, изгледа дека на токму таков предизвик се подготвени да одговорат некои членови од оригиналната екипа на филмот, па актерот Ден Акројд потврди дека Ghostbusters 2020 сепак ќе се случи. 

Тој, заедно со Бил Мареј, Сигурни Вивер и Ени Потс ќе се вратат во своите улоги, во третиот дел на филмот, засега познат како Ghostbusters  2020. Режисерот на филмот ќе биде Џејсон Рајтман, синот на продуцентот на изминатите два филма, Иван Рајтман.

На екипата ќе ѝ се приклучат и Мекена Грејс, Фин Волфхард, Кери Кун и Пол Рад. Дали ќе успее да ги исполни очекувањата и да продолжи онаму каде што застана во 1984, останува да видиме. Премиерата е закажана за 10 јули 2020.