Луѓето преферираат трчање сами, но студиите покажале дека ако сте тркач, трчањето со некого го подобрува квалитетот на вашето трчање и нуди ниво на конкуренција што го подобрува вашиот тренинг. Но тука доаѓа еден мал проблем, не секогаш можете да го усогласите времето со вашите пријатели. Тоа веќе не претставува проблем. Тука е Ghost Pacer, виртуелен тренинг партнер што помага во одржување на темпото.

Ghost Pacer се очила со изменета реалност(AR), дизајнирани да поставите патека, брзина на холографскиот аватар и да се натпреварувате со него на отворено во реално време. Аватарот работи по вашата однапред зададена рута, исто како вистински партнер, и се приближува или одалечува од вас во зависност од тоа колку брзо трчате.

Со тежина од само 90 грама очилата проектираат холографски партнер за трчање без притоа да му смета на корисникот, обезбедувајќи јасен поглед на реалниот свет. Освен што ќе ви прави друштво, Ghost Pacer ќе ви ги прилагоди тренинзите на вашиот профил и срцев ритам. Овие очила се поврзуваат со апликацијата Vimazi RunCrush за вашиот смартфон, а се компатибилни и со различни паметни часовници.