Дванаесет прекрасни манекенки подготвија феноменално изненадување за мажите. Овие 12 девојки учествувале во креирање на најновиот календар „Young Farmers”, кој секогаш за тематика користи симболи на фарма и земјоделство.

Девојките кои учествувале во овој проект сакале да покажат дека и девојките од село и оние кои работат на фарма можат да бидат многу атрактивни и дека ништо не е посексапилно од девојка која во раката држи чекан, коса или вила за сено.

Моделите на фотографиите претставуваат фармерска верзија на популарните суперхерои како Спајдермен, Супермен и Вулверин, а креаторите на овој календар рекле дека жените кои работат на фармите се вистински суперјунаци кои овозможуваат секој дена на масата да го имате што да се јаде и пие.

Поради тоа, овие девојки се претставени како хероини за да им се оддаде почит на сите жени кои работат на фармите и кои се трудат на сите да им овозможат добар и здрав оброк.