Германија изгласа закон со кој се дозволува употреба на електрични тротинети на јавни патишта и на велосипедски патеки. Со овој закон се дозволува секој на возраст над 14 години да користи електричен скутер се додека се придржува до ограничувањето од 20 километри на час.

Оваа одлука беше поздравена од многу компании, бидејќи популарноста на овој тип на транспорт се шири низ цела Европа. Ова беше многу добро прифатено и од компанијата Volkswagen, кој неодамна се приклучи на бизнисот за производство на вакви тротинети.

Електричниот тротинет се покажа како одлично дополнително индивидуално средство за транспорт во урбаните средини, на кратки дестинации но и во комбинација со други превозни средства.