Gentle Monster, корејскиот бренд за очила кој е познат по начинот на изложување на своите продукти и тридимензионалното искуство кое го доживуваат луѓето при шопинг, за својата колекција Gentle Wu соработуваше со канадско-кинескиот актер Kris Wu. Колекцијата која беше лансирана минатата недела е составена од класични и модерни рамки инспирирана е од животот и личноста, а дизајнирана да ги отелотвори карактеристиките и шармот на актерот. Колекцијата содржи четири модели на очила.