Пласирањето на премиум фитнес часовник не е лесна задача деновиве. Премногу заситениот пазар наложува цената да го оправда производот, па поради тоа брендовите се трудат да обезбедат карактеристики кои би дале солидно оправдание. Garmin Forerunner 945 со своите карактеристики и тек како се оправда.
Овој часовник е направен за триатлонци, па од него очекувајте многу повеќе од само броење на чекори. Наменет е за секој кој сака да се занимава со фитнес малку посериозно, а во исто време сака нешто тенко и доволно стилски за да може да го носи и на деловен состанок.
Сличноста однадвор со Garmin Forerunner 935 секој ја забележал, но надградбата е најзначајна. Една од најбитните надградби е продолжениот век на батеријата, кој сега трае 60 часа во UltraTrac режим.
Доколку сакате да слушате музика без да го понесете вашиот телефон поддршката Spotify 950 ќе ви го овозможи тоа. Навигацијата со која располага Garmin Forerunner 945 содржи мапи кои ќе ви го олеснат движењето дури и во урбани средини.
Оптичките сензори на задниот дел од часовникот прецизно го мерат пулсот, функцијата „Load Load Focus” ја рангира секоја ваша активност во различни категории врз основа на структурата и интензитетот.
Предноста на овој часовник покрај водоотпорноста и многуте функции се и можноста за праќање на СОС порака на претходно сетиран број доколку се случи несреќа или повреда при тренинг, авантура; користи NFC безконтактно плаќање, така што со него можете да платите за сите протеински плочки. Вреди да се истражи!