Оваа е гаражата од соништата која чини цели 10 милиони долари. Дизајноте инспириран од филмот Ferris Bueller’s Day Off од 1986 година. Станува збор за перфектно дизајнирано катче за чување класични и модерни супер автомобили. Онака како што би посакал секој автомобилски ентузијаст.
Дизајнот е соработка помеѓу Mark Ashby Design, Dalgleish Construction и Shiflet Group Architects, со цел оваа колекционерска фантазија да заживее.
Објектот е распространет на три ката и е многу поимпресивен од оној прикажан на филмот. Има специјално дизајниран лифт кој го пренесува автомобилот од подрумот до мезанинот. Внимателно е одбран секој детаљ од ентериерот на гаражата.
Гаражата располага со висококвалитетен систем за звук, тапети со дизајнот на Енди Ворхол, кожен мебел, ѕидни панели изработени од квалитетно дизајнирано дрво.
Сон за секој автомобилски колекционер.