Дизајнерот Евгениј Китлет претстави футуристички концепт на едриличар кој работи на соларна енергија, лебди низ вселената и може да биде домаќин на туристи. Целиот проект е уште поневеројатен бидејќи GalaXsea би бил првиот космички соларен едриличар кој е 3Д отпечатен во вселената.

GalaXsea

Звучи како научна фантастика, но поголемиот дел од технологијата што ја земаме здраво за готово денес беше сон во едно друго време, зошто GalaXsea не би бил уште еден пример за тоа.

GalaXsea

Иако детали за концептот не се даваат, сепак визијата е јасна на дизајнерот е јасна: „Посетителите во вселената, уметниците и научниците можат заедно да ја прифатат иднината и да бидат потопени во уникатно просторно искуство“. Од малкуте детали со кои располагаме е дека едриличарот би имал капацитет за 15.000 луѓе, гостите би имале пристап до ботанички градини, центар за биолошки истражувања, оперска куќа…