Откако ги освои кино благајните со првиот дел на Wonder Woman, убавата Гал Гадот се враќа и во второто издание – Wonder Woman 1984.
Самиот наслов кажува дека дејството е сместено во 80-те, а најавното видео беше промовирано на 8 декември на Comic Con во Бразил.
Гал Гадот се враќа во улогата на Дијана Принц, а покрај неа можеме да ги видиме и Кристен Виг и Крис Пајн. Дејствието има два негативни лика, а Дијана Принц и овој пат се бори да ја дознае вистината и да се ослободи од злото.
Премиерата на филмот е закажана за 5 јуни 2020, а се надеваме дека ќе ги исполни очекувањата како и минатиот пат.