Дизајнирано од Nendo за Maruyama Cafe, Gacha Gacha Cafe е иновативен концепт за кафуле на иднината во Токио. Овој концепт покажува колку автоматизиранита, антисоцијална околина без персонал е место каде во иднина би го купиле вашето кафе за носење. Целиот концепт се ослонува на gacha машини кои всушност се наменети за исфрлање на играчки, но наместо тоа во овој случај тие исфрлаат капсули за кафе, кои потоа одат во мелница па во чаша за еднократна употреба. Оваа продавница би ја користела технологијата за правење на совршено кафе како тип на самопослужување.