Брендот G-Star Raw ја претстави својата кампања за есен-зима 2020, како поддршка на својата колекција „Hardcore Denim“. Со оваа кампања G-Star Raw го слави тексасот фокусирајќи се на „G-Star Raw utility clothing“ која црпи инспирација од ловечка облека, воени униформи, облека за моторџии… Заедно со класиките од своите колекции брендот воведува нов стил за сезоната со своите Scutar 3D фармерки. Овој стил на фармерки продолжува онаму каде што застана Citishield стилот на брендот, давајќи слим и фит фармерки со поширок крој на бутовите, што ги отсликува моторџиските панталони.