Bruce Lee MRG-G2000BL9A е резултат на новата соработка на Casio со Bruce Lee Enterprises. Оваа ограничена серија на часовници, која ќе се произведе во само 300 примерока го носи „Enter the Dragon” потписот на ѕвездата.

Со овој часовник G-Shock го слави 80-тиот роденден на Брус Ли. Цената на еден ваков часовник е 4.000 американски долари, земајќи во предвид дека моделите MR-G ја сочинуваат луксузната линија на компанијата, која се создадени од квалитетни материјали и рачно изработени детали.

Bruce Lee MRG-G2000BL9A

Црно-жолтата шема на бои се поврзуваат со иконската тренерка на Брус Ли од филмот „Game of Death”. На лицето на часовникот се забележуваат жолтата и црвената боја, која ја карактеризираат Jeet Kune Do вештината на Ли, додека амблемот на е врежан на задната страна на часовникот.

Како и сите часовници во серијата MR-G, MRG-G2000BL е направен од специјално засилен, полиран титаниум со рамка од не’рѓосувачки челик. Ова му даде масивна структурна сила и отпорност на удар. Куќиштето е заштитено од магнетни полиња, водоотпорен е до 200 метри, отпорен е на вибрации, удари и центрифугална сила до 15G.