Во 2016 компанијата луксузниот британски производител на автомобили, Rolls-Royce, го претстави Vision Next 100. Американската компанија West Coast Customs, која беше позната по емисијата Pimp My Ride, емитувана на MTV, модифицираше Rolls-Royce Wraith кој според нив наликува на концептот претставен во 2016 година а за тоа објави не само слики туку и видео на нивните социјални медиуми.

Како што изјавуваат од West Coast Customs оваа трансформација се случила по четири години обемните истражувања и развој. А доколку се прашувате кој е среќникот кој ќе го има овој уникатен автомобил, тоа е нивниот лојален клиент Џастин Бибер. Од сликите може да се забележи дека трансформираниот Rolls-Royce Wraith има одлики на Vision Next 100 но и на BMW Vision Next 100. Автомобилот добил брусен метален екстериер, покриени трекала, транспарентен Spirit of Ecstasy и секако внатрешност со JL звучен систем.