Дизајниран од страна на Заха Хадид пред нејзината смрт во 2016 година, ME Dubai хотелот се отвора по втор пат по глобалната пандемија која не примора на карантин, откако претходно беше само на кратко отворен на 1 март.

ME

Овој спектакуларен хотел е првиот и последниот на кој починатата архитектонска суперѕвезда го дизајнираше и ентериерот и екстериерот. Сега, закажано е негово повторно отворање за светските туристи во септември.

Лоциран во Opus by Omniyat зградата, која се протега на 185,806 квадратни метри во Burj Khalifa дистриктот, хотелот има 74 соби и 19 апартмани. Спектакуларната зграда се состои од две кули кои се поврзани и формираат нешто налик коцка со „врежана“ празнина во средината.

Во соопштение со кое се објаснува просторот, Zaha Hadid Architects истакнуваат: „За време на денот, фасадата на коцката го рефлектира небото, сонцето и околниот пејзаж на градот,д одека навечер, празнината е осветлена од динамични светлечки инсталации преку индивидуално контролирани LED светла во секој стаклен панел“.

„Прецизните ортогонални геометрии на елементите од стаклената коцка на Opus даваат драматичен контраст со флуидноста на осум-катната празнина во неговиот центар“, вели Кристос Пасас, проект директорот во Zaha Hadid Architects.

Несекојдневен дизајн во срцето на Дубаи

Во внатрешноста на хотелот лобито, местата за одмор и рецепција, како и сите спални соби, сите содржат специјално направен мебел од страна на Zaha Hadid Design. Исто така, хотелот има и теретана од 650 квадратни метри опремена со „технолошки најнапредните фитнес справи на пазарот“, вклучително и првиот Technogym Biocircuit во Дубаи, кој креира кориснички програми за кардио тренинзи за индивидуални корисници.

ME Dubai хотелот има три ресторани, вклучително и Roka by Zuma, јапонски robatayaki ресторан кој користи техники за готвење со пламен, комплементирани со уште 15 други во целата зграда.

ME

Хотелот ќе го следи правецот на сите Melia хотели кога станува збор за праксите за одржливост. Сите гости ќе добијат шишиња за вода од не’рѓосувачки челик за време на нивниот престој, со цел да се задржи хотелот plastic-free.

Целиот хотел исто така ќе ги имплементира и сите мерки за спречување на ширењето на Covid-19, вклучително и мерење на телесната температура на сите гости при пристигнувањето, душеци за дезинфекција, минибарови полнети исклучиво по барање, шведска маса со индивидуални порции на ладна храна и room service доставувања кои ќе бидат оставани надвор од собите.