Во последните години, светот на архитектурата се повеќе го прифаќа концептот за дизајнирање на објекти кои се вклопуваат во природата. Со потпис на архитектот Реза Мохташами доаѓа еден концепт на брутализам во кој се мешаат природното и неприрродното.

И покрај тоа што неговата работа е скоро исклучиво концептуална, малкумина дизајнери можат да му конкурираат на овој архитект во неговиот перформанс за комбинирање на бруталистичката архитектура и карпестите формации. Името на концептот е Concrete House, а со дизајнот на карпа некако успева да изгледа злобно и убаво во исто време.

Иако за некои овој концепт изгледа непривлечен и непријатен од далечина, внатрешноста изобилува со гостопримство, заоблената дневна има прозор кој ја исполнува внатрешноста со природна средина. Самата вила нуди повеќе отколку што ви треба, спална, кујна… Погледнете ја и сами проценете дали ви се допаѓа!