Ви претставуваме тренинг кој нема да ви одземе премногу време, но затоа добро ќе ве измори и физички ќе ве подготви за сите активности. Ова е фантастичен тренинг кој ќе го активира целото ваше тело, а станува збор за се кој се прави исклучиво со „пленк“ и неколку варијации на оваа вежба.
„Пленк“ или издржување во склек е една од најпопуларните и најефективните вежби за абдоминалниот дел на вашето тело. Покрај стомачните мускули, оваа вежба влијае и на голем број други површини, така што вашите раце, рамена и нозе исто така ќе бидат под голем напор. Секој пат кога подолг временски период ќе останете во склек, ќе почувствувате како и другите мускули почнуваат да се активираат, така што всушност поради тоа од оваа стационарна вежба за домашни услови е можно да се развие вистински тренинг.
Вежбите за издржување ќе ви го олеснат секојдневното движење, без оглед дали се работи за обични дневни активности или се работи за посериозно занимавање со спорт.
За комплетирање на овој функционален тренинг потребно е да се изведат пет различни „пленкови“, а во прилог ви ги претставуваме варијациите на оваа вежба и редоследот со кој се изведуваат.
1. Нормален „пленк“ – во траење од една минута
2. „Пленк“ на лактови – во траење од 30 секунди
3. „Пленк“ со крената нога – секоја нога задржете ја во воздух по 30 секунди.
4. „Пленк“ на страна – На секоја страна останете во издржување 30 секунди.
5. Нормален „пленк“ – во траење од 30 секунди
6. „Пленк“ на лактови – во траење од една минута.