Градбите на архитектот Френк Лојд Рајт со сигурност може да се каже дека се едни од најубавите во светот. Од таа причина, нивната цена достигнува и до неколку милиони долари. Во моментов, за оние со длабок џеб, отворена е нова пригода да поседуваат ваков екстравагантен дом. Куќата го носи името Toufic H. Kalil House, се наоѓа во Њу Хемпшир. Изнесува 850 илјади долари, а е една од 7-те негови градби во последната деценија од неговиот живот. 

Рајт
Влезот на Toufic H. Kalil House

Идејата на Рајт во 50-те години на минатиот век беше да дизајнира пристапни домови кои сопствениците ќе можат да ги градат самостојно. Проектот го нарече Usonian Automatic houses и беше последниот вид на домови кои Рајт ги дизајнираше пред неговата смрт во 1959 год. 

Рајт 2
Кујната е исто така создадена од бетонски блокови

Toufic H. Kalil House е неверојатно креативно дело. Во својата конструкција помалку потсетува на Лего-коцки. Составена е од бетонски блокови присутни во секоја од просториите. Куќата има две спални соби, работна соба, голема дневна соба со трпезарија и кујна. Се продава целосно опремена со мебелот од 1955 година.

Рајт
Дневната соба е сè уште опремена со оригиналниот мебел