Добитникот на Pritzker Architecture Prize наградата, архитектот Френк Гери, подигна рефлектирачка зграда облечена во не’рѓосувачки челик насловена како The Tower, која е централно ремек дело на уметничкиот кампус Luma Arles во францускиот град Арл. Инспирацијата за овој проект архитектот ја црпел од околниот пејзаж на градот. За истата тој ќе рече: „Сакавме да го евоцираме локалното население, од The Starry Night на Ван Гог до карпите во регионот.“

Извртената геометриска структура се наоѓа помеѓу традиционални градби. Конструирана со челична рамка и бетонско јадро, објектот е составен од кули со висина од 56 метри. The Tower лежи на кружен стаклен атриум кој го отсликува римскиот амфитеатар на Арл. Нерамната естетика ја создаваат 11.000 поставени панели, со стаклените кутии што излегуваат од динамичните, алуминиумските панели, кои ги рефлектираат варовничките карпи на околината. Зградата додава модерна визија на хоризонтот на Арл, град кој е составен од структури кои потекнуваат од средниот век. Ова е значајно обележје за Арл, и е дел од низата индустриски згради што Френк Гери ги презема за обновување низ целиот свет.