Професионалниот офшор тркач на јахти Франсоа Габарт, трга во уште еден поход. Неверојатната авантура наречена  Brest Atlantiques 2019, е неговиот нареден потег, а за професионалец од негов ранг, ова е уште едно возбудливо патување. Тој е добитник на 2012-13 Vendée Globe и рекордер во соло возења. 

Франсоа Габарт

Како обожавател на квалитетот и високата технологија со која ги освојува отворените води, Франсоа Габарт одбра безвременско парче, како негов сопатник. Станува збор за  “Dark Side of the Moon” Apollo 8 рачниот часовник на ОMEGA Speedmaster. 

Трката започнува на 5 ноември, почнувајќи од Брест, а се минуваат Рио, Кејп Таун и повторно Брест, а патувањето на Габарт можете да го следите преку хаштагот #OMEGAMyChoice.