Електрични верзии со логоата на BMW, Ford, Wey и Honda со свое деби на Саемот за автомобили во Франкфурт 2019.

BMW и мобилноста на иднината

BMW групацијата размислува во насока на подобрување на иднината, со цел да задоволи што е можно поширок опсег на барања. Бидејќи не постои едно единствено решение за BMW цели кон алтернативни решенија на погон. Водородните автомобили се важна алтернатива и ги дополнуваат електричните погони кои работат на батерии.

BMW Групацијата планира да ја претстави следната генерација на погон на водородни горивни ќелии во мала серија во 2022 година. BMW i Hydrogen NEXT ни овозможува да видиме како ќе изгледа оваа серија. Компанијата го претстави и BMW Concept 4 купе, каде можеше да се забележи нова конфигурација на решетката – една од најзаговорните елементи за дизајнот на марката неодамна.

Ford хибриден во целост

Сината го обои Саемот во Франкфурт кога Ford ги претстави хибридните верзии на веќепостоечките модели Puma, Explorer, Kuga и каравнаската изведба на Mondeo со нивната хибридна и plug-in технологија, а присутен бешее и Tourneo Custom PHEV.

Wey- дизајниран за Европа

За кинескиот бренд Wey ѕвезда на вечерта беше нивниот VV7, а подеднакво сјајно блескаше и Wey S, заедно со концептот Wey X. Wey е бренд кој е создаден од страна на Great Wall, позициониран e над Haval, а за задача има да ја освои Европа.

Деби на Honda E

Honda E е уште еден чекор што брендот го прави кон постигнување на својата стратегија за електрификација од 100% на својот европски опсег до 2025 година. Наменет e да понуди чист и функционален дизајн, висока технологија и сеопфатен погон за урбана употреба. 

Mercedes-Benz се претстави со Vision EQS

Луксузниот седан Vision EQS беше најважната премиера за германската компанија, бидејќи на тој начин ја најавија и својата визија за иднината. Vision EQS е следбеник на S-Class, а за само 20 минути полни 80 проценти од својата батерија. 

Повеќе детали можете да прочитате на www.avtoplus.mk и да го следите тимот на Авто Плус со новитети во живо од Франкфурт на Facebook и Instagram.