Нова револуција на Volkswagen со ID.3
Volkswagen Group Night се одржа вчера вечер во склоп на Саемот за автомобили во Франкфурт- IAA 2019. Вечерта ги исполни сите очекувања на присутните, а Volkswagen ја искористи шансата да го претстави ID.3, првиот електричен автомобил и со тоа да ја најави еколошката ера на компанијата.
Што се однесува до моќноста, на самиот старт постојат 3 варијанти – батерии од 45, 58 kWh и Pro S кои соодветно автономно минуваат 205, 330 и 550 км. А три нивоа се достапни и кај опремата, која е прилично богата и во основната верзија.
Се надеваме дека ID.3 ќе го повтори успехот на револуционерната „Буба“ која пред многу години беше неверојатен полн погодок, а за високите шанси за успех на ID.3 зборуваат 30.000 нарачки кои компанијата ги добила уште пред излегувањето на автомобилот.
Електрификација во фокусот на Opel
Opel цврсто чекори кон електрификација на своите модели и тоа беше прикажано минатата вечер на саемот каде претстави 5 светски премиери. Astra – со нова линија мотори и менувачи, Corsa – со подобрена емисија на штетни гасови кај бензинските и дизелските верзии, но и комплетно електрична верзија која го привлече вниманието на присутните, електрификација на хибридниот Grandland X и електрични верзии за Combo и Zafira.
Audi го претстави RS 7 Sportback
Со агресивен, но елегантен изглед како што му доликува на едно возило од гамата на Audi, вчера вечер во Франкфурт беше претставено Audi RS 7 Sportback. Повеќето иновации во новата генерација на Audi RS 7 Sportback се насочени кон надградба на мултимедијалните системи и системите за контрола на погон.
Повеќе детали за автомобилите и новините од IAA 2019 можете да прочитате на www.avtoplus.mk и да го следите тимот на Авто Плус со новитети во живо од Франкфурт на Facebook и Instagram.