Ако окото ви го привлекуваат фините линии на автомобилите со знакот на Porsche, тогаш со сигурност апетитот ќе ви порасне кога ќе ги погледнете производите на Driver’s Selection. Покрај фактот што воодушеви многумина и никого не остави рамнодушен со презентирањето на Taycan на Саемот за автомобили во Франкфурт, елегантниот гигант искористи мал дел од огромната хала на саемот за презентирање на оваа колекција.
Паричници, ремени, звучници, гардероба и рачни часовници со беспрекорниот дизајн кој го потпишува Porsche се само дел од колекцијата претставена на IAA, наменета за искусните возачи и љубителите на моќноста, доброто возење и адреналинот. Во прилог погледнете го изложбениот простор на Porsche Design, а за останатите детали и новости, прочитајте на www.avtoplus.mk и следете го тимот на Авто Плус на Instagram и Facebook во живо од Франкфурт.