Со поелегантен и префинет дизајн од оној на кој сме навикнати досега, германскиот гигант Volkswagen пред публиката во Франкфурт и пред светот го откри новото лого на компанијата. Раководителот за маркетинг и продажба на VW, Jürgen Stackmann, го најави новиот дизајн на логото како почеток на новата ера на Volkswagen. Се очекува новата ера да е обоена во зелено, односно да е еколошки ориентирана, што се покажа и во понеделникот вечерта на Volkswagen Group Night, кога брендот го презентираше ID.3, првиот електричен автомобил на брендот.
Повеќе детали можете да прочитате на www.avtoplus.mk и да го следите тимот на Авто Плус со новитети во живо од Франкфурт на Facebook и Instagram