Renault го претстави единствениот Captur
Единствената француска компанија која реши да се претстави на саемот во Франкфурт, воопшто не изгледаше скромно. Renault го претстави својот нов Captur, далеку посовремен и пософистициран од својот претходник.
Seat со спортска верзија
Шпанската марка на публиката на саемот и ја презентираше новата верзија на електрифицираниот и спортски Seat Tarraco FR PHEV. Освен што е опремена со убав надворешен и внатрешен дизајн, Seat за прв пат го презентира и новото ниво на опрема.
Cupra со прототипот наречен Tavascan
Уште еден шпански бренд на Саемот во Франкфурт, Cupra го претстави прототипот кој го носи името Tavascan. Станува збор за првиот електричен кросовер на компанијата, кој е именуван по ски-центар во Каталонија, во близина на француската граница, а од брендот ветија дека наскоро ќе ја претстават и неговата производна верзија.
Повеќе детали можете да прочитате на www.avtoplus.mk и на Facebook и Instagram.