Во текот на вчерашниот ден, тимот на Авто Плус ни го покажа расположението на Саемот за автомобили во Франкфурт како и најновите идеи, концепти и решенија во сферата на автомобилизмот.

ФранкфуртHyundai со i10 и Concept 45

Hyundai на саемот во Франкфурт се пофали со новата генерација на моделот i10. Покрај оваа премиерата, брендот даде голем акцент на спортската модификација i10 N Line. Покрај овој новитет, беше претставен и Hyundai Concept 45. Овој концепт е инспирација од Pony Coupe Concept кој се појави во далечната 1974 година.

ФранкфуртДолгоочекуваниот Defender на Land Rover

Неговото претставување беше најавувано од 2011 година, а дури сега Land Rover Defender го здогледа светлото на денот. Следната генерација на иконскиот британски теренец претставува значително подобрување од неговиот претходник во однос на технологијата, бидејќи со него ги има сите новитети на ова поле.

ФранкфуртŠkoda со верзии на актуелните модели

Тргнувајќи од електричните Superb iV и Citigo-e iV, потоа Monte Carlo верзиите на Scala и Kamiq како и топ модификацијата на Superb Scout. Како и многуте други брендови, така и Škoda се пофали со своите електрични модели.

Направете место за Lamborghini Sián

Произведен во серија од 63 единици кои се веќе продадени, Lamborghini Sián е најбрзиот Lamborghini модел досега. Фантастичниот футуристички екстериер привлекува подеднакво како и моќноста.

Нова ера и за Porsche

Легендарната компанија која секогаш успеа да воодушеви, вчеравечер, покрај презентацијата која ја имаше за медиумите, и официјално го промовираше првиот досега целосно електричен модел кој го носи името Taycan

Повеќе детали можете да прочитате на www.avtoplus.mk и да го следите тимот на Авто Плус со новитети во живо од Франкфурт на Facebook и Instagram.