Four Point Puzzles го создаде „The Moon Puzzle” на која е претставена најјасната слика на NASA од Месечината. Оваа неверојатна сложувалка е интересен примерок која ја слави 50 годишнината од лансирањето на Apollo 11. Сложувалката со димензии од 67 сантиметри има 1.000 парчиња на кои се гледа секој кратер, дупка која ја има Месечината.

Оваа сложувалка е голем предизвик бидејќи може да кажеме дека поради сивата боја сите парчиња ни изгледаат идентично. Но без разлика колку и да е тешко, овој легитимен предизвик ќе не тргне од телевизорот со што ќе ни овозможи добра забава со семејството.