Филмското остварување кое треба да ја раскаже ривалската трка за Ford и Ferrari деновиве ја обелодени и втората најава. Филмот го носи насловот Ford v Ferrari, а во главните улоги се јавуваат Мет Дејмон и Кристијан Бејл. Приказната се врти околу американскиот дизајнер на автомобили Карол Шелби, кој го толкува Дејмон, и британскиот возач Кен Мајлс, кој го толкува Бејл. Двата лика се споени од страна на Ford за да создадат тркачки автомобил и да го симнат од тронот на Le Mans, шампионот Ferrari. 

Приказната позади ривалството на двата гиганти е доволна причина да го погледнете филмот, а започнува со договорот според кој, Хенри Форд требало да го откупи Ferrari. Енѕо Ферари се согласил, мислејќи дека ќе ја подели моќта и одговорноста на компанијата. Но, според договорот, Форд бил оној кој требало да управува со тркачкиот оддел. Енѕо Ферари не се согласил со тоа, па договорот отпаднал и битката се префрлила на тркачките терени. 

Премиерата на филмот Ford v Ferrari е закажана за 15 ноември, а во останатите улоги се јавуваат Џон Бернтал, Трејси Летс, Џош Лукас, Ноа Џупе, Ремо Џирон, Реј МекКинон.