Сите знаеме колку бучават од петардите и огнометот можат да бидат застрашувачки и штетни за кучињата. Поради тоа Ford реши својата технологија да ја примени во создавање на удобен простор за кучињата.

Ford Quiet Kennel, куќата за кучиња, користи технологија за поништување на бучавата составена од плута со голема густина и Active Noise Control технологијата која Ford ја користи во своите автомобили која ја редуцира бучавата од петардите до ниво кое нема да го вознемири ултрасензитивниот слух на кучињата.

Резултатот е простор кој целосно ги елиминира силните звуци. Ford Quiet Kennel засега е прототип, а Ford допрва треба да ги објави плановите за комерцијализација на овој современ, практичен и комфорен производ.