Ова е еден од трите автомобили кои ги има возено актерот Никола Кејџ во филмот Gone in 60 Seconds. Сребрениот Ford Mustang Shelby GT500 Eleanor од 1967 година со црни линии и агресивен ретро стил доаѓа од ChromeCars, Германија.

Ford Mustang Shelby GT500 Eleanor

Инаку тоа е истиот тој автомобил кој леташе со Кејџ зад воланот. Ништо од автомобилот не е променето. Компанијата се грижи за одржувањето на истиот.Во 2013 година еден од останатите два Mustang Shelby GT500 Eleanor беше продаден на аукција за еден милион долари.

Но според ChromeCars конкретниот примерок кои они го имаат, бидејќи е нереставриран, сега вреди 2 милиони долари.