Изгледа дека Ford има големи планови за Mustang, па по 55 години дебитира со нов модел Mach-E – целосно електричен SUV. 

Од компанијата се обидуваат да го пласираат новиот модел како природна еволуција на Mustang-от. „Mach-E целосно наликува на Mustang благодарение на агресивниот долг и преден дел, целосно затворената решетка, LED осветлувањето, црниот спојлер на задната врата и долниот браник.“

Достапни ќе бидат пет различни варијанти, со погон на задните или на сите четири тркала, во однос на кои варира моќноста, која е во границите од 255 КС кај основниот, до 459 КС кај Mach-E GT, а вртежниот момент се движи од 414 Nm до 830 Nm. Во зависност од избраниот модел и погонот, возниот опсег е во границите од 378 до 483 километри. First Edition и Premium варијантите ќе бидат достапни уште кон крајот на 2020 година.