Ова е време на електрични велосипеди, а една од најголемите предности што брендовите може да ги понудат е доколку тој се преклопува. На развојот на Flit-16 работел Дејв Хендерсон, поранешен инженер во Jaguar Land Rover, што се рефлектира во квалитетот на неговиот дизајн.

Иако името Flit-16 е малку чудно, а самиот велосипед изгледа како велосипед од детски цртеж, сепак може да се каже дека ова е еден многу квалитетен велосипед кој нуди мошне добро искуство при возење и преклопување. Батеријата на овој велосипед се наоѓа во рамката, додека пак моторот на задниот дел од велосипедот.

Тежината на Flit-16 е подобро распоредена, а со тоа и велосипедот е полесен за носење кога е преклопен. Исто така, не треба да го вадите огромниот пакет на батерии, што е карактеристика на други електрични велосипеди.