Eдна од поголемите мистерии во светов е како да флертувате, без да излезете некултурен, прост, непривлечен, нападен и слично. Дури и ако сте срамежливи – флертувајте!

Наредниве неколку совети ќе ви помогнат да ја усовршите романтичната игра на флертот, дури и кога ви поцрвенува лицето и ви се потат дланките од срам. Ова се совети од луѓе кои биле во ваша кожа

Опуштете се

За почеток, дишете длабоко. Шансите дека сте нервозен да пријдете на девојка која ви се допаѓа се уште поголеми ако сте срамежлив по природа. Но, флертот се сведува на тоа да ја запознаете подобро другата страна и да дадете до знаење, суптилно, дека сте заинтересиран. Заборавете на шмекање (гледање од далеку), игнорирање (а всушност не) и помош од пријател. Земете нешто во рака, за да не се најдете во ситуација да не знаете што да правите со рацете и смислете солиден говор во глава. Обрнете внимание на она што девојката ви го одговара, а не на тоа како сте застанат, што да прашате следно. Уживајте во разговорот, бидете присутен.

Бидете самоуверен (или преправајте се)

Според корисниците на Reddit кои се нашле во слична ситуација, дури и кога се преправате дека имате самодоверба, стекнувате малку самодоверба. Внимавајте, постои разлика помеѓу самодоверба и арогнација. 

флертувајте

Гледајте ја девојката во очи

Ако сте срамежлив, голема е веројатноста дека ќе одбегнувате контакт со очи. Тоа е погрешно. Суптилниот поглед е секогаш добредојден за да бидете забележан. Да повториме, суптилен! Ако другата страна одговара на пораката на истиот начин, можете да почнете со акција. 

Бидете природен

Зборувајте како да зборувате со личност за која не сте романтично заинтересиран. Не флертувајте. Уживајте и дозволете работите да го заземат сопствениот тек.