Изолацијата поради коронавирусот го наруши нашиот секојдневен начин на живот. Изолацијата значи затворање на училиштата, факултетите, градинките, трговските центри, но и кафетериите и голем дел од угостителските објекти. Не се поштедени ниту теретаните. Оние кои се навикнати на секојдневно тренирање, фитнес и занимавање со спорт ќе имаат големи проблеми, бидејќи сега се оневозможени да го прават тоа поради пандемијата на коронавирусот.
Но, тоа не значи дека не можете да вежбате во својот дом, што е одличен начин да останете во форма, а притоа да не ви биде досадно и да го искористите вишокот енергија, кога сте затворени во сопствениот дом.
Фитнес тренерот Џеф Нипард, преку својот канал на Youtube прикажа неколку интересни вежби кои влијаат на мускулатурата, на намалување на килограмите и кои имаат функција на кардио вежби, така што овој домашен тренинг сигурно ќе ви помогне и ќе ви обезбеди вашето тело да го одржите во форма, дури и кога сте приморани да останете дома.
Во продолжение погледнете го видеото и време е да почнете со тренинг.