Минатата година фитнесот доживеа скок, кој нема да се намали во 2021 година, бидејќи здравјето и благосотојбата се два од најценетите аспекти во животот на луѓето. Иновацијата која се наметна на сите фронтови, ги поттикна брендовите да се прилагодат на „новото нормално“. Вежбањето од далечина, тренинзи на барање и закажано, апликации, персонализација, нови фитнес трендови…

Мобилен фитнес

Отсекогаш сме размислувале за стресот како лоша работа, но светот на фитнесот се придвижува да го искористи тој неискористен потенција да не притисне повеќе, но не премногу за да не се случи исцрпеност. Стрес тестови веќе долго време се користат за да се измери како телото реагира кога клетките се изложени на стрес преку ослободување на нуспроизводи.

Па така, ние треба да изградиме рутина на вежбање околу овој параметар, што на крајот треба да не охрабри да го соберете тој неискористен потенцијал со знаење дека тоа нема да предизвика непотребен стрес на телото што на крајот може да доведе до хронично воспаление и ослабен имунитет. Ова треба да биде стимулација за поголема отпорност и ефикасност на подолг рок.

Слушајте го вашето тело

Самопочитувањето и менталното здравје ќе бидат исто аспекти на кои ќе им се посветува внимание, уште повеќе. Јога, пилатес, фитнес, но и друга битна работа е дека ќе се применува интуитивното, внимателно јадење, па така веќе диетите со кои се ограничувавме од некои видови на храна ќе се заменат со подобри методи кои ќе ги задоволат вашиот ум и тело.

Од друга страна, интуитивното јадење ве прави експерт за вашето тело и неговите сигнали за глад, па ќе се ослободите од менталитетот од вина поврзано со јадењето. Подобро психолошко здравје на долг рок, тоа треба да ви даде подлабоко разбирање за вашето тело и како подобро да го почитувате па и повеќе да внимавате на храната која ја бирате.

Брзо живеење

Секој неможе да си го дозвили луксузот од еден час во теретана секој ден. Но кратките вежби со висок интензитет кои стануваат тренд се доволни за согорување на калориите, зголемување на издржливоста, согорување на маснотиите, долго по тренингот. Сето ова надополнето со долга прошетка или пливање во слободните денови ќе овозможи активирање на различни мускули остварливи на подолг рок.

Дигитализација

Научивме дека технологијата се подобри во светот на фитнесот, и таа најверојатно ќе продолжи да напредува и да доминира во наредната година. Покрај апликациите кои се користат, на големите брендови како Nike, исто така тие преферираат и користење на нивни продукти за максимален увид во перформансите.

Најновиот Apple Watch, на пример, постојано ја следи вашата активност, нивото на кислород во крвта, отчукувањата на срцето и спиењето, така што добивате лесно извештај секоја недела и месец за вашиот напредок. Venu Sq на Garmin, оди на следното ниво со својот пакет карактеристики за следење на здравјето, што вклучува напредно следење на срцевиот ритам, како и следење на спиењето, дишењето, стресот и хидратацијата.