Wasted Potential Imperial Stout е производ на Ant Brew инспириран од микро-пиварница во градот Лахти, во Финска. Откако беше прогласен за Зелена престолнина на Европа 2021 година, финскиот град сакаше да ја прослави победата со пиво што навистина го истакнува значењето на „wasteless circular economy“. Гускиниот измет во процесот се користи безбедно, како материјал за пушење на сладот за пивото.

„Изметот од гуска се собира од локалните паркови, при што тие стануваат почисти, а специјалните летни пијалоци се совршени за излети во паркот, нешто како две муви со еден удар. Ние постојано развиваме начини да користиме нови состојки во подготовката и не се плашиме да размислуваме надвор од кутијата.“- изјавуваат од компанијата.