Во зависност од расположението и филмскиот жанр, оваа година очекуваме два нови и тотално различни филмови со суперхерои. Првиот филм кој ќе го видиме оваа година е Shazam! и тоа на 5-ти Април. Приказната во овој филм е за 14-сет годишниот Били Батсон кој може да се трансформира во суперхеројниот Шазам, само со извикување на еден збор. Неговите моќи ќе бидат тестирани кога ќе се соочи со негативецот Dr. Thaddeus Sivana.
Вториот филм кој го очекуваме на 7-ми Јуни оваа година е Dark Phoenix. X-Men се соочуваат со својот најмоќен непријател Џин. Погодена од мистериозна космичка сила Џин станува помоќна. Додека моќта која ја добива станува многу нестабилна и тешка за контролирање, X-Men наоѓа начин како да ја спасат галаксијата. Па погледнете ги трејлерите и одлучете кој филм ќе го гледате.