Перфектниот ретро дизајн сo V8 ќе се освои во истата секунда. Ferrari Roma со својот дизајн им оддава почит на спортските автомобили од 60-те години на минатиот век. 

Петтата машина од Ferrari која ќе имаме чест да ја видиме годинава, по SF90 Stradale, 812 GTS, F8 Tributo и неговата Spider варијанта, го носи името Roma. 

Според автомобилскиот гигант, Roma e елегантна и софистицирана машина, прекрасно купе кое ја претставува современтата реинтерпретација на безгрижниот живот во Рим во 50-те и 60-те години на минатиот век. 

60-те

Опремен со V8 3.9 литарски мотор и 611 кс, Ferrari Roma претставува сериозна конкуренција на Aston Martin Vantage. 

Дизајнерскиот тим на Ferrari Roma точно ја погодил целта на минималистички дизајн кој создава совршена симбиоза меѓу различни елементи со хармонична пропорција и чист, елегантен волумен. 

60-те

Внатрешниот дизајн на кабината е целосно нов, почнувајќи од посебните ќелии за возачот и совозачот. Засега не се најавен датум на продажба, ниту пак цена, но се шпекулира дека ќе чини нешто повеќе од 215.000 долари.