Италијанскиот тим на екстравагантна вечер направи вистински спектакл и шоу во театарот Romolo Valli на претставувањето на новиот болид за престојната F1 сезона. Настанот беше проследен со диџеј, оркестар и танчери кои се појавија на сцената, а сето тоа со цел да го најават новиот Ferrari SF1000, придонесе за невиден спектакл досега во светот на автомото спортот.

Новиот болид, SF1000, го доби името во чест на тоа што италијанскиот тим ќе учествува на својата 1.000-та трка во шампионатот. Посебно место и понатаму зазема иницијативата на главниот спонзор на тимот компанијата Philip Morris – Mission Winnow.

Јасно е дека ова ќе биде интересна година, преполна со неизвесно натпреварување, долга сезона, но и важна поради паралелата која мораме да ја креираме и да развиеме целосно нов болид во рамки на прописите кои ќе стапат на сила од 2021 година, така што тимот ќе биде мошне зафатен. Матија Биното и неговиот тим вршат одлична работа и се радуваме на успесите кои не очекуваат“, изјави извршниот директор на Ferari Луј Камиљери.

Ferrari е првиот тим кој во живо го претстави годинешниот болид, иако Haas минатата недела ги објави фотографиите од новиот модел, додека Mercedes ја прикажа новата боја, но на минатогодишниот болид.

Прочитајте го целосниот текст на www.avtoplus.mk