Италијанската модна куќа Fendi, која на 20 јуни направи спектакуларен концерт во Palazzo della Civiltà Italiana во Рим, со порака за повторното раѓање во рамките на заедницата по пандемијата, ќе ја отвори Модната недела во Милано на 22 септември. Се чини дека тековна преокупација на модните куќи се индивидуалните ревии.

По Burberry кој најави шоу на отворено, со со ексклузивно дигитално искуство за јавноста и вообичаените гости на брендот, Fendi следен ги претстави плановите за следното шоу. Модната недела во Милано која ќе трае од 22-ри до 28-ми Септември, а која ќе биде отворена од страна на Fendi ќе се одржи во Palazzo della Civiltà Italiana во Рим, а модната куќа ќе ја претстави својата нова колекција.

Според Серж Бруншвиг, извршниот директор на брендот, тоа ќе биде „физички настан, со ограничен број гости и дигитална компонента, чиј формат е дефиниран“. Во меѓувреме, луксузниот бренд испраќа оптимистичка порака полна надеж со иницијативи за поддршка на уметничкото изразување.