ANREALAGE, новата фотохроматска колекција на Fendi носи парчиња чувствителни на УВ светлина. Долгогодишното ценење на јапонската култура од страна на модната куќа резултираше со многу соработки со јапонски брендови. Овој пат за сезоната есен-зима 2020, Fendi соработува со Кунихико Моринага.

Колекцијата ANREALAGE каде како основач е претставен Моринага е изработена од експериментална ткаенина со која се направени некои од познатите торби на брендот Fendi и неколку ready-to-wear парчиња. Наречена и како „класичност на Fendi“, рафинираната колекција испорача мазни кожни слоеви и познат крој, која при презентација се трансформира во футуристичката облека со технологијата на Моринага. Всушност фотохроматската ткаенина под дејство на УВ светло (вклучувајќи ги и сончевите зраци) добива жолта нијанса или ги истакнува логоата и принтовите кои се на ткаенината.