За сезоната пролет 2022 Fendi претстави нова Day-To-Night машка колекција. Шарените дизајни беа претставени во кратко видео од Palazzo Della Civiltà Italiana. Во краткиот филм, претставена е креативата на модната куќа преку неокласичната архитектура на објектот во три различни периоди од денот. Жолти, светло зелени и пастелни бои доминираат низ креациите. Ексцентричните креации и кроеви само го дополнуваат духот за слобода на модната куќа. За оваа колекција главната личност, Силвиа Вентурини Фенди, која стои позади Fendi ќе изјави: „Во момент кога се чинеше дека нашата слобода има граници, мислам дека е моментот кога ја истуркавме.“