Класичната Air Jordan силуета добива нов подобрен изглед. 

Jordan брендот на Nike ја пушти во продажба новата колекција наречена Fearless Ones. Дел од колекцијата се и впечатливите Air Jordan I патики со High FlyEase технологија. 

Патиката претставува надградување на веќе познатата класична Air Jordan силуета, а системот FlyEase помага патиките полесно да се облекуваат и соблекуваат. 

Останатиот дел од Fearless Ones колекцијата содржи соработки со културни лидери ширум светот. 

Air Jordan Come Fly With Me патиката како дел од колекциајта е изработена од црна кожа и го носи шармот на 90-те

The Retro High Bloodline моделот е црно бел со црвени детали, додека Air Jordan I High OG Black Orange е изработена од црна и портокалова кожа.

Колекцијата Fearless Ones е изработена во соработка со основачот на CLOT, Едисон Чен.