Корисниците на смартфоните постојано трагаат по телефони со моќни перформанси, долготрајна батерија и неверојатни карактеристики за камерата. Компанијата Samsung лансираше три моќни уреди во новата Galaxy S10 серија смартфони. Триото составено од Galaxy S10+, S10 и S10е пред неколку месеци пристигна со низа новости во однос на камерата, нивото на безбедност, како и перформансите.
Со својот одличен дизајн зрачи со сериозност, а благодарение на моќните перформанси и карактеристики создава чувство на баланс. Без разлика дали се работи за работа, забава, или пак едноставно одмарање, секој од трите уреди има карактеристики и перформанси кои задоволуваат различни потреби.
Динамичкиот АМОЛЕД “Infinity-O“ екран е создаден за непречено уживање во екранот и завршување на сите работи без никакви дистракции. Екранот штити од синото светло, а вие може да уживате во врвниот квалитет на боите при силна светлина.
Со помош на ултрасоничниот скенер за отпечатоци, нивото на безбедност се издигнува на високо ниво. Дополнително, Galaxy S10 е создаден со безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox), како и безбеден простор за зачувување податоци, поддржан од хардвер, каде се зачувани корисничките приватни “клучеви“ за мобилните услуги овозможени со “blockchain“ технологија.
Новиот софтвер на Galaxy S10 со вештачка интелигенција автоматски ја оптимизира батеријата, процесорот, работната меморија, па дури и температурата на уредот, врз основа на тоа како се користи телефонот.
Користејќи ги способностите на вештачката интелигенција, смартфоните преку учењето на начинот на користење на уредот, побрзо ги вклучуваат апликациите кои се најчесто користени. Со Самсунг Декс (Samsung DeX), доживејте одлично искуство исто како да користите десктоп компјутер.
Камерата денес веќе се претвори во начин на комуникација. Луѓето постојано создаваат слики и видео содржина која можеби подоцна ќе ја споделат. Токму затоа, компанијата Samsung Electronics секој нов производ во семејството Galaxy го опремува со низа иновации кои прават корисникот да зачувува мигови со неверојатно прецизни детали.
Серијата на уреди Samsung Galaxy S10 пристигна со технологија за камера базирана на лидерските технологии на Samsung во однос на камера – “Dual Pixel“ и “Dual Aperture“. Преку низа новини и уште подобра вештачка интелигенција, камерата нуди алатки со кои корисниците ќе направат незаборавни фотографии и видео записи.
Секој уред од Galaxy S10 серијата е речиси како професионална камера која ја собира во вашиот џеб. Камерите на уредите се дизајнирани за корисниците да сликаат од секој агол и да го доловат секој момент. Со 123 степени видно поле, ултра широката леќа ја доловува сцената на начин како човековото око.
Покрива речиси 4,3 пати повеќе простор отколку широките леќи со видно поле од 77 степени. Со ултра широките леќи доловете го светот онака како што го гледате и препуштете се на волшебните фотографии.
Триото од серијата уреди Samsung Galaxy S10 содржи неверојатни карактеристики кои го олеснуваат корисничкото секојдневие, а со своите моќни перформанси и префинет изглед совршено се вклопуваат во сечиј вкус.