Данската компанија Lego која произведува минифигури, а која во 2015 година го зема местото на Ferarri како „најмоќниот светски бренд на Brand Finance” нуди доста интересни сетови со кои можете да си го пополните времето. Оваа игра всушност е забавна активност за учење на вештини на фокусирање кај децата и возрасните.
1. LEGO FORD MUSTANG- Иконскиот автомобил од 1960-тите добива минијатурна верзија со 1.471 парчиња, што е едно од најпривлечните сетови на компанијата на сите времиња. Ентериерот е детален, плус има и багажникот што се отвора, а деталниот мотор можете да го видите под хаубата.
2. LEGO FRIENDS CENTRAL PERK- Овој сет е супер хит на компанијата од моментот на неговото излегување. Всушност се работи за целосна рекреација на познатото кафуле од серијата „Пријатели“, со секој мал допир на кој би можеле да се сетите.
3. LEGO NASA APOLLO 11 LUNAR LANDER- Направен за да ја прослави 50-годишнината од слетувањето на Месечината, овој фантастичен сет е направен со помош на НАСА за да се добијат сите детали, вклучувајќи ја и точната нијанса на златна боја.
4. LEGO HARRY POTTER HOGWARTS GREAT HALL- Од една страна овој сет е одличен за играње со деца, од друга страна прецизниот изглед на надворешност на Хогвортс, го прави одличен колекционерски сет. Овој сет има 878 коцки, но можете да се комбинира и со други одлични сетови Хогвортс со кои се поврзува за да формираат поголем замок.
5. LEGO STAR WARS IMPERIAL STAR DESTROYER- Со должина од 1,1 метар, овој гигантски модел е приближно опасен како што е и на самиот екран оригиналниот уништувач. А со своите 4.784 коцки гарантира целодневна забава. Навистина изгледа неверојатно.
6. LEGO JAMES BOND ASTON MARTIN DB5- Овој комплет откако ќе го изградите ќе видите дека е полн со гаџети. Можете да ја ротирате регистарската табличка, да го кренете штитот за заштита од куршуми, да извадите огнени оружја и сечила за бушење гуми од тркалата и да исфрлите несакани патници, нормално.
7. LEGO BOOST CREATIVE TOOLBOX- Ова не е стандарден Lego сет, туку пет различни модели кои се едукативни и забавни. Boost Creative Toolbox работи со помош на апликација која не само што ја оживува вашата креација туку и ве учи на основно кодирање.
8. LEGO CREATORS MIGHTY DINOSAURS– Овој сет на „Диносаурус“ е најпродаваниот сет на Lego на Amazon, а е погоден за забава и со помали деца. Тоа е всушност три во еден сет, бидејќи имате можност да создадете заканувачки Тираносаурус или Т. Рекс, моќен Трицератопс или застрашувачки Птеродактил.