Со димензии од 45 милиметри, Excalibur Twofold привлекува со ледениот изглед кој е создаден од минерално композитни влакна, направени од силициум диоксид, специјално развиен од Roger Dubuis. Благодарение на инжењерите и тимот на Roger Dubuis самиот процес на обложување и патентираниот процес на осветлување на секој агол од ова уметничко дело овозможува луминисценцијата да трае 60 проценти подолго за разлика од стандардните вакви материјали.
Ременот на часовникор е создаден од специфична гума FKM и „LumiSuperBiwiNova“ за првпат претставена технологија која овозможува делови да светат. Комбинирајќи ја леснотијата и отпорот, ова ново техничко ремек-дело ќе се произведе во ограничено издание од само осум примерока.