Од производи со јаки бои и чудни облици до привлечен дизајн со нежни бои, секс играчките со својата еволуција си загарантирале поголема потрошувачка од страна на корисниците. Некогаш со застрашувачки дизајн, младите брендови кои произведуваат секс играчки решиле дека и овие производи заслужуваат еволуција во дизајнот.

Оваа промена доста помогнала во промената на ставот кон сексот и естетската чувствителност спрема изгледот на производите, со цел да се пренесе удобност, блискост и препознатливост со фокус на велнес, не затоа што тоа е тренди туку затоа што сексот многу влијае на физичкото и менталното здравје на една личност.

Повеќето компании кои произведуваат секс играчки го насочуваат трудот во служба на сексуалниот живот на клиентите па така дизајнот и самото брендирање веќе не е упадливо туку со бои кои би асоцирале на шампон, на пример. Од вибратори до свеќи со масажно масло, компаниите обрнуваат внимание на целокупниот дизајн на пакувањето кое го прави подостапно за потрошувачот, но и квалитетот на самиот производ кој е многу битен.

Се повеќе се применува минимализам со чисти линии кои нема дополнително да го преоптоварат потрошувачот при купување на истиот бидејќи од почеток тој нема да се чувствува застрамено кога ќе посегне по таков еден производ на рафтот во продавница. Целокупната еволуција на секс играчките оди и во насока на иновативност.

На пример Crave има вибратор кој е еден од попродаваните производи кој жените го обожаваат бидејќи доаѓа со ланче и се носи како приврзок. Од друга страна пак компанијата Nécessaire која создава производи за нега на кожа има лубрикант кој е спакуван во едноставно шише за кое би помислиле дека е шампон.

Револуцијата на дизајнот во индустријата започнала да ги применува процесите на истражување и развој, поттикнати од популаризацијата на меките силиконски играчки, кои не мирисаат и лесно се чистат, охрабрувајќи ги дизајнерите да се фокусираат на создавање производи за долгорочна употреба, наместо за еднократна употреба.

Во исто време и продавниците низ светот стануваат по пријателски расположени излегувајќи од сенките на нивната позната репутација со менување на изгледот, со осветлување и привлечно аранжирани излози. Оваа еволуција доведува и до фокус на здравјето од страна на производителите на сексуални производи, па користењето на медицински силикон, кристали како аметист и кварц како материјали за создавање на истите станува секојдневие.